По Вашингтон, Анкара, Теута Арифи не ја сакаат ниту во Брисел. Но прашањето е што толку го задолжила Арифи СДСМ и ДУИ за овие и покрај сите одбивања упорно да сакаат од истата да направат амбасадор, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, Османи сакал да го сокрие срамот, но го издал Ахмети, кој кажал дека Теута Арифи била во игра за амбасадор.
-Очигледно никој не им кажал дека во САД, Турција и ЕУ, не сакаат политичари и амбасадори кои држеле на платен список неколку стотици лица без да одат на работа. Ниту пак поминуваат политичари кои правеа матни дилови како тој со Миодраг Давидовиќ Дака. Арифи очигледно може да продолжи да биде функционер само во ДУИ, или ако Ковачевски по налог на Ахмети ја именува во влада како утешна награда, стои во соопштението од „Белата палата“.