Министерството за одбрана ја информира јавноста дека во врска со немилиот настан кој се случи вчера во Неготино за време на вежбовните активности во рамките на вежбата „Trojan Footprint“ е во координација со сојузниците при што се утврдуваат околностите за настанот.
-Истовремено ја информираме јавноста дека никој не е повреден при овој немил настан. Дополнително, се утврдуваат причините за настанот и се преземаат дополнителни безбедносни мерки за да се превенираат вакви случки во иднина, соопштија од МО.
Војнички ранец вчера падна од небо на покрив од куќа во Неготино.
-35-годишниот Б.С од Неготино вчера пријавил дека дел од падобранската опрема паднала на покривот од неговата куќа и оштетила неколку ќерамиди. Предметот му е вратен на лицето, а оштетувањата на покривот ќе бидат обештетени“, велат од МВР.