Украинскиот парламент денеска усвои закон со кој се забрануваат политичките партии кои ја оправдуваат или негираат руската агресија врз Украина.
Законот, исто така, им забранува на партиите кои ги величаат или оправдуваат постапките на оние кои вршат вооружена агресија против Украина, објави новинската агенција Интерфакс.
⚡️ Lawmakers ban pro-Russian parties.
According to the bill, parties that support, or whitewash Russia’s war against Ukraine and deny the fact that Moscow occupies Ukrainian territories, including Crimea and eastern Donbas, are to be banned.
— The Kyiv Independent (@KyivIndependent) May 3, 2022
Лидерот на владејачката партија Слуга на народот Олена Шуљак изјави дека за забраната гласале 330 од 450 пратеници на Врховната Рада, пренесува британски Гардијан.