Бајден го номинираше Кристофер Каволи за нов командант на НАТО во Европа

од Vladimir Zorba
229 прегледи

Американскиот претседател Џозеф Бајден го номинираше генералот Кристофер Каволи за нов командант на силите на НАТО во Европа, објави американскиот секретар за одбрана Лојд Остин, пренесe Си-Ен-Ен.

НАТО се согласи со одлуката на Бајден да го назначи Каволи, кој моментално командува со американските копнени сили во Европа и Африка, се вели во соопштението, додавајќи дека командата за Европа вклучува 100.000 американски и 40.000 сојузнички војници распоредени низ целиот континент.

Каволи е експерт за Евроазија и учесник во војната во Авганистан, а сегашната должност ја презеде во октомври 2020 година, откако командуваше со американската армија во Европа од јануари 2018 година.

Слични содржини