273
Папата Франциск рече дека со приближувањето кон Русија, НАТО можеби придонел за руската инвазија на Украина и рече дека предложил средба со рускиот претседател Владимир Путин во Москва.
Во интервју за Corriere della Sera, папата се осврна на рускиот напад врз Украина и рече дека иако можеби нема да оди толку далеку што ќе каже дека присуството на НАТО во соседните земји ја „провоцира“ Москва, тоа можеби ја „олеснило“ инвазијата, пренесе „Политика“ .
Папата постојано ја критикуваше руската агресија против Украина, избегнувајќи експлицитно да го спомене Путин, во согласност со надворешната политика на Ватикан да ја држи отворена вратата за можен дијалог, наведува „Политико“.