Се очекува денеска Европската унија да ѝ го претстави шестиот пакет санкции на Русија, што би го разгледале прво амбасадорите на 27 земји-членки, а потоа и Европскиот парламент, а како што е најавено, би се однесувал и на руската нафта како и на банките.
Според „Гардијан“, претставниците на ЕУ во вторникот вечерта ги предале нацрт-санкциите на земјите од европскиот блок, но има поделеност околу тоа како треба да изгледа ембаргото за нафта во иднина.
Министерот за надворешни работи на ЕУ, Жосеп Борел, изјави дека Унијата работи на шестиот пакет санкции против Русија поради војната во Украина, што ќе се однесува на руската нафтена индустрија, на уште некои руски банки, како и на „одговорните за ширење дезинформации“.