ЦЕЛОСЕН „ЛОКДАУН“ ВО ПЕКИНГ: Затворени 40 метро станци, училишта и бројни компании

од Stefanija Kuzmanovska
285 прегледи

Пекинг затвори 40 метро станици, или 10 отсто од целата подземна мрежа, како и многу автобуски линии, во обид да го запре ширењето на коронавирусот и да го избегне шангајското сценарио, каде милиони жители се во строг карантин подолго од еден месец.

Откажани се 158 автобуски линии, а повеќето од нив се наоѓаат во делот Чаојанг, епицентарот на жариштето во Пекинг, објави „Ројтерс“.

Со десетици нови случаи на ден, Пекинг се обидува да избегне целосно заклучување, како што се обиде Шангај на почетокот.

Главниот град од 22 милиони луѓе затвори училишта и бројни компании, како и станбени згради во области со висок ризик, додека многу луѓе складираат основни потреби во случај на целосно затворање.

Второто од трите планирани масовни тестирања оваа недела, по трите масовни тестирања минатата недела, се спроведува во 12 од 16-те окрузи во Пекинг.

Во Шангај, додава „Ројтерс“, крајот на карантинот не е на повидок.

Слични содржини