329
Полициски службенци вчера ги уапсиле 30-годишниот М.И. и 34-годишниот Е.И. од Куманово, кои се осомничени дека минатата недела на сила влегле во објект на улица „Димитар Влахов“ и одземале повеќе предмети.
Кај нив биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.