„Јас навистина сум среќен што можам да кажам дека еве за помалку од половина година разликата е евидентна. Не се сите исти, додека некои се корумпирани и крадат, другите штедат и работат и градат. Тоа е разликата помеѓу оваа корумпирана и криминална власт и онаму каде што ВМРО-ДПМНЕ има можност да покаже пред граѓаните како се работи“, изјави денеска лидерот на партијата, Христијан Мицкоски од Карбинци.
Додаде и дека ВМРО-ДПМНЕ покажала многу пати во минатото „дека е државотворна партија и партија која што се грижи исклучиво за интересите на граѓаните и на Македонија“.
-Јас уште еднаш им честитам и на градоначалникот и на неговиот тим што навистина овозможува од сопствениот буџет во едни вакви тешки услови да се реализира една ваква капитална инвестиција, а со тоа да им овозможи на бизнисмените кои што одлучиле овде во оваа индустриска зона да купат парцела да изградат свој објект и да обезбедат нови вработувања, кои што значат голема поддршка за локалната економија, но и за Македонија, додаде Мицкоски.