Украински бранител во фабриката Азовстал: Нема храна, вода и лекови но ќе се бориме до крај

од Stefanija Kuzmanovska
262 прегледи

Еден од преостанатите бранители во комплексот на фабриката за челик Азовстал во Мариупол, Михаил Вершинин, ги опиша моменталните услови во кои преживуваат цивилите во изјава за Би-Би-Си.

Повеќе од 500 луѓе кои се повредени во ракетниот напад сè уште се во огромниот индустриски комплекс, изјавил Вершинин за Би-Би-Си.

Двесте од нив се во критична состојба, тврди тој. Вершинин додаде дека здравствената состојба на ранетите се влошува поради немање медицинска нега и нехигиенски услови во подземните простории на комплексот.

„Ние сме во ситуација во која има целосен недостаток од се“, рече тој, „нема храна, вода или лекови“.

Како што наведе, руските војници намерно ја бомбардирале болницата во Азовстал.

И покрај очајните услови, бранителите на Азовстал цврсто тврдат дека се „подготвени да се борат до крај“.

Вершинин, кој беше началник на полициската патрола пред војната, рече дека бранителите биле на различна возраст, од 19 до 60 години.

Во неделата првата група цивили конечно беше евакуирана од огромниот индустриски комплекс. Вчера тие стигнаа до Запорожје под контрола на украинските сили.

Се уште не е јасно дали уште неколку цивили ќе можат да го напуштат комплексот Азовстал денеска.

Слични содржини