Тестенини со брокула и пармезан

од Stefanija Kuzmanovska
249 прегледи

Едноставен и здрав ручек со тестенини и зеленчук.

Состојки:

(за 4 лица)

– 450 гр тестенини по избор

– 1 главица брокула

– 1/3 чаша маслиново масло

– 3 чешниња лук

– пармезан

– сол, бибер

Подготовка:

Брокулата исчистете ја и раздвојте ги цветовите на помали парчиња. Ставете ги во поголемо тенџере со посолена зовриена вода и варете додека не омекне.

Извадете ја брокулата, оставете ја на страна и во истата вода сварете ги тестенините.

Кога тестенините се готови, процедете ги и оставете околу 1/2 чаша вода во која се сварени тестенините.

Загрејте го маслиновото масло, додадете го лукот и пржете околу една минута. Додадете ја брокулата и динстајте околу една до две минути.

Додадете ги тестенините и водата во која се варени тестенините (1/2 шолја што сте ја заштедиле), добро измешајте, посолете и побиберете.

Тестенините со брокула посипете ги со пармезан и послужете ги веднаш.

Слични содржини