УЕФА ги исфрли Русите, се селат во Азија

од Nikola Popovski
323 прегледи

Досега имаше неколку земји кои ја заменија конфедерацијата од спортски или безбедносни причини – Австралија се пресели од Океанија во Азиската фудбалска федерација, додека Израел и Казахстан од Азија во УЕФА.

Руската фудбалска федерација (РФУ) размислува да се приклучи на Азиската фудбалска конфедерација (АФЦ), откако беше казнета од Европската фудбалска унија (УЕФА) за руската инвазија на Украина.

– Мислам дека дојде време сериозно да се размислува за транзиција во азиската конфедерација. Не знаеме колку долго ќе трае забраната за руските клубови и репрезентации, а отсуството од меѓународните натпреварувања би било катастрофа за рускиот фудбал, изјави поранешниот боксер, а сега пратеник Димитриј Пирог за Меч ТВ.

Пред неколку дена УЕФА воведе дополнителни санкции против Русија. Руските клубови следната сезона нема да смеат да учествуваат во европските натпреварувања, машката репрезентација е исклучена од Лигата на нации, а женската доби забрана за настап на Европското првенство.

На Русија и е забрането да се кандидира за Европското првенство во 2028 и 2032 година.

Слични содржини