Андонов: С. Македонија најмногу ќе профитира од проектот „Александрополис“

од Nikola Popovski
529 прегледи

Советникот за енергетика во Владата, Виктор Андонов информира дека гасниот терминал во Александрополис е започнат во 2013 година.

-Вчера се пушти во градба терминалот за течен природен гас и како таков е прогласен како заеднички проект во интерес на ЕУ. Проектот има регионален карактер и носи енергетска сигурност. Токму затоа присустуваа лидерите на неколку земји од регионот, меѓу кои и премиерот Ковачевски. Во минатото имавме една од највисоките цени на природен гас, затоа што бевме снабдувани од еден извор и трошевме мала количина на природен гас. Едно од причините е обезбедувањето на уште една рута. Од конкуренција најмногу профитираат потрошувачите, рече Андонов во емисијата „24 анализа“.

Тој информира дека проектот ќе чини 50 милиони евра, поточно нашиот дел од Неготино до грчка граница.

Слични содржини