Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека нема да го прифати договорот со Москва кој ќе и овозможи на руската армија да остане на окупираните територии.
Во, како што ја нарече првата фаза од конфликтот, украинската армија ја запре Русија, рече Зеленски.
Во втората фаза, како што наведе, Украина ќе ги протера руските војници од својата територија, а во третата фаза ќе се движи кон целосно обновување на територијалниот интегритет.
Зеленски наведе дека нема да прифати договор за прекин на огнот што ќе им овозможи на руските сили да останат на нивните сегашни позиции, додавајќи дека Украина не се согласува на „замрзнат конфликт“.
Рускиот претседател Владимир Путин како клучни услови за запирање на војната ги наведе признавањето на рускиот суверенитет над Крим од страна на Украина и признавањето на независноста на сепаратистичките региони.