ВМРО-ДПМНЕ се договори за активна блокада на Собранието после 10-ти мај

од Nikola Popovski
233 прегледи

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вечерва информираше дека ИК на партијата го прифати предлогот на лидерот на партијата Христијан Мицкоски и најави активна блокада на Собранието по 10 мај.

-Активната блокада ќе стапи на сила во 10 мај, а дотогаш ДУИ И СДСМ да размислат и да се отвори за дијалог и да прифатат лидерска средба. Ние имаме најмногу пратеници и градоначалници. Волјата на граѓаните мора да се почитува. Сакаат да го понижат ВМРО-ДПМНЕ. Државата е во драматична ситуација. Доста е со чекање. Топката е сега кај СДСМ и ДУИ, да седнеме на лидерска средба и да го дефинираме датумот за лидерска средба. Имаат време нека размислат, изјави Николоски.

Според него, блокадата ќе трае се дури не се постигне договор за предвремени парламентарни избори.

-Ова се првите чекори, а потоа ќе продолжиме да разговараме за идни чекори, при што сите опции се на располагање, рече тој.

Николоски повика јавноста да биде трпелива.

-Тајмингот е поради што власта покажа нестабилност. Доволно време добија шанса и не покажаа ништо. Барам мобилизација и активизам, да не дозволиме да ни ја крадат иднината и на наш грб да се богатат. Заедно ќе се избориме промените да се случат, а ВМРО ДПМНЕ е секогаш со народот, кажа Николоски.