Безбедносни гаранции од САД доколку Шведска аплицира за НАТО

од Vladimir Zorba
182 прегледи

Шведска доби гаранции од САД дека ќе обезбеди поддршка во периодот на разгледување на евентуалното барање за членство во НАТО, изјави шведската министерка за надворешни работи Ан Линде по средбата со американскиот државен секретар Ентони Блинкен во Вашингтон.

Во изјава за шведската телевизија таа одби да каже какви гаранции добила од Блинкен, но додаде дека сакала да ѝ биде јасно на Русија дека САД нема да дозволат никакви негативни активности кон Шведска.

„Сепак, ова не се конкретни безбедносни гаранции кои можете да ги добиете само ако сте полноправна членка на НАТО“, рече Линде, пренесе Ројтерс.

Шведска и соседна Финска не се приклучија на НАТО за време на Студената војна, но по руската анексија на Крим и почетокот на војната во Украина, тие ја преиспитуваат својата безбедносна политика, која вклучува размислување за членство во Алијансата.

Слични содржини