Управата за водење на матични книги попладнево излегува на протест барајќи покачување на платите за 30% .
-Ве известуваме дека по повод штрајкот кој се одвива во управата за водење на матични книги, организиран од Независниот синдикат на управата на 05.05.2022 година дополнително вработените од управата ќе оддржат протест од 15.00 часот до 17.00 часот пред министерството за правда каде ќе бидат блокирани улиците.
Во 16.00 часот пред министерството за правда ќе оддржиме и прес конференција на која ќе ги пренесеме нашите барања, стои во нивното соопштение до јавноста.