„БМВ“ излета кај Каменица, возачот тешко повреден

од Берта Китинска
336 прегледи

На 05.05.2022 во 01.20 часот во ОВР Македонска Каменица било пријавено дека на регионалниот пат Македонска Каменица – с.Саса патничко моторно возило „бмв“, управувано од Г.Г. од Македонска Каменица, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото констатирани во Клинички центар Штип.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Македонска Каменица.

Слични содржини