Каевски: Патот којшто по налог на Никола Груевски го избира ВМРО-ДПМНЕ е погрешен

од Берта Китинска
277 прегледи

На деструкциите, блокадите и насилството не им е местото во законодавниот дом, изјави пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски, откако ВМРО-ДПМНЕ најави блокада на Собранието.

„Патот којшто по налог на Никола Груевски го избира ВМРО-ДПМНЕ е погрешен и тој не значи штета за СДСМ, за Владата или мнозинството туку директна штета врз граѓаните и државата. Како на Мицкоски да не му е доволно што цела година пратениците од ВМРО-ДПМНЕ овде во Собранието блокираат закони важни за граѓаните. Како да не му е доволно на Мицкоски што го блокираат Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта. Со блокада на овој закон ВМРО-ДПМНЕ е против наставниците среде криза и покачување на нивните плати, спречуваат трајно вработувањае на околу 4.700 наставници и стручни соработници“, рече Каевски.

Слични содржини