Телевизискиот канал ТСВ во отцепениот молдавски регион Придњестровје известува за пукање во близина на контролниот пункт Кучурган на границата со Украина.
„Извор од Агенцијата за спроведување на законот во Придњестровје изјави дека неселективно пукање се случило на територијата на Украина во близина на селото Павловка кај Кучурган, во реонот на железничкиот мост што беше разнесен на 4 март“, пренесе руската новинска агенција РИА.
Сепак ова се уште непотврдени информации.