Путин: Цивилите можат да излезат од Азовстал, милитантите да го положат оружјето

од Nikola Popovski
218 прегледи

За време на денешниот телефонски разговор со израелскиот премиер Нафтали Бенет, рускиот претседател Владимир Путин рекол дека Русија останува подготвена да обезбеди безбеден коридор за цивилите да ја напуштат опколената фабрика за челик Азовстал во украинското пристаниште Мариупол, соопшти Кремљ.

Путин нагласил и дека Киев треба да им нареди на „украинските милитанти“ кои се кријат во Азовстал да го предадат оружјето, пренесува РИА Новости.

Лидерите го истакнале посебното значење на одбележувањето на Денот на победата над фашизмот на 9 мај „за народите на Русија и Израел, кои го почитуваат споменот на сите загинати, вклучително и жртвите на Холокаустот“, и изразија интерес за понатамошен развој на пријателските руско-израелски односи, наведуваат од агенцијата.

Слични содржини