Ако кажат не, планот пропаѓа: Што го кочи влезот на Финска и Шведска во НАТО?

од Nikola Popovski
310 прегледи

Шведска до 13 мај треба да одлучи дали ќе поднесе барање за членство во НАТО. Иако анкетите покажуваат дека мнозинството од населението во земјата сака да биде под „чадорот“ на Алијансата, тие би можеле да се соочат со сериозни проблеми на патот до аплицирање.

Имено, претставниците на сите партии во парламентот треба да се договорат за влез во алијансата. Проблемот е што оваа земја досега инсистираше на воена неутралност, долга 200 години. Најголем дел од несогласувањата доаѓаат од владејачките социјалдемократи. Пред се затоа што не сакаат да направат политички раздор, ниту пак го нарушуваат јавното мислење пред изборите што ќе се одржат наесен.

Министерката за заштита на животната средина, Аника Страндал, која е и претседателка на Сојузниот одбор на женското крило на социјалдемократите, рече дека „фракцијата има долга историја по прашањата за мирот, разоружувањето и воените слободни сојузи“.

„Ние во Сојузниот одбор одлучивме да се држиме до тоа Шведска да остане воено неврзана и да остане надвор од НАТО“, рече Страндал.

Комплицирана процедура

Исто така, процесот на пристапување е комплициран сам по себе. Најпрво тамошното МНР треба да излезе со документ за ставот, потоа коалициската влада да донесе одлука најдоцна до 24 мај.

Финскиот претседател Саули Нинисте изјави дека ќе ги изнесе своите ставови до 12 мај, давајќи си време да го чека говорот на рускиот претседател Владимир Путин на Денот на победата на Русија на 9 мај.

Москва ги отфрли обвинувањата дека Путин ќе ѝ објави војна на Европа на 9 мај, но се закани со огромни последици доколку НАТО ги прифати Финска и Шведска како членки.

Зошто сè уште има веројатност дека ќе поднесат барање?

Од друга страна, постојат факти кои укажуваат дека сите овие пречки ќе бидат надминати. Најпрво, дојде до ненадејна промена во финското јавно мислење за Русија по инвазијата на Украина, а сега граѓаните на оваа земја немаат доверба во Русија со која Финска дели 1.330 километри.

Исто така, истражувањата на финскиот парламент покажуваат дека речиси две третини од министрите се за членство во НАТО.

Владејачките фински социјалдемократи треба да одржат дебата на 14 мај. Дотогаш, парламентот ќе ги разгледува стручни докази за планот, но и испитувањата на јавното мислење кои ќе покажат конечна поддршка за членство од страна на граѓаните.

Според проценките, тоа би се зголемило на 80 отсто доколку и премиерката Сана Марин и претседателот го поддржат членството.

Зошто сакаат да влезат во НАТО?

Причината е повеќе од јасна. Поради безбедносната криза која владее, Шведска, како и Финска, која исто така ќе аплицира, сакаат да имаат одредени гаранции дека земјите-членки на НАТО ќе ги бранат во транзицискиот период.

Ратификацијата може да потрае една година, бидејќи е неопходно парламентите на сите 30 земји членки на Алијансата да одобрат прием на нови членки.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека земјите можат „брзо“ да се приклучат и дека е сигурен дека може да се најдат аранжмани за транзицискиот период.

Соединетите Американски Држави и Велика Британија веќе ѝ ветија на Шведска зголемено воено присуство, подобро организирани воени вежби и силна политичка поддршка од земјите на НАТО, за време на евентуалниот процес на аплицирање за членство.

Слични содржини