Зеленски: Русите уништија над 400 здравствени установи, недостигаат лекови

од Vladimir Zorba
215 прегледи

„Руската инвазија на Украина уништи стотици болници и други институции, ги остави лекарите без лекови за борба против рак и ги оневозможи операциите“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Ако се земе предвид само медицинската инфраструктура, до денес, руските војници уништиле или оштетиле речиси 400 здравствени установи: болници, породилишта, клиники“, рече Зеленски во видео обраќањето до хуманитарната група за медицинска помош, пренесува Ројтерс.

Украинскиот претседател наведува дека на многу места недостасуваат дури и основни антибиотици, особено во источна и јужна Украина, каде што е фокусот на борбата.