Џорџ В. Буш: Зеленски е Винстон Черчил на нашето време

од Vladimir Zorba
317 прегледи

Поранешниот американски претседател Џорџ Буш го нарече украинскиот претседател Володимир Зеленски „Черчил на нашето време“

На својот Инстаграм профил по разговорот со Зеленски преку видео-врска, Буш изјави дека му се заблагодарува на украинскиот претседател „за неговото лидерство, неговиот пример и посветеноста на слободата“ и ја поздравува храброста на украинскиот народ.

Поранешниот претседател на САД наведува дека Американците се инспирирани од „цврстината и издржливоста на Украинците“ и дека ќе продолжи да ги поддржува.