Во северно Мексико пронајдено тело на убиен новинар, претходно бил киднапиран

од Stefanija Kuzmanovska
203 прегледи

Телото на убиениот новинар Луис Енрике Рамирез Рамос е пронајдено во северно Мексико.

Тој е деветти новинар убиен во Мексико оваа година, што ја прави земјата едно од најопасните места за новинарите и фоторепортерите надвор од воените зони.

Тамошната полиција соопшти дека неговото тело било пронајдено покрај пат во државата Синалоа.

Порталот за кој работеше Fuentes Fidedignas објави дека фоторепортерот Рамирез Рамос (59), претходно бил киднапиран во близина на неговиот дом.

Порталот помалку се занимавал со нарко-картели, но подетално ги истражувал политичарите, што исто така може да биде опасно за новинарите во Мексико.

Слични содржини