340
Полицијата спречи шверцерски канал од Северна Македонија кон Косово, при што заплени над 600 килограми необработен тутун во селото Љубиште кај Витина.
Тутунот нелегално бил префрлен на коњи во Косово, каде требало да биде префрлен во автомобил со локални регистарски таблички.
Во синоќешната акција полицијата извршила претрес и во објектот на осомничениот З.Н., каде биле откриени 34 вреќи тутун од над 500 килограми и 94 пакувања тутун од еден килограм од истата стока.
По спроведената истрага во соработка со надлежното обвинителство, запленетиот тутун ќе и биде предаден на царината, додека случајот го истражува регионалната истражна единица на Граничната управа-Исток, се вели во соопштението на полицијата.