Артета награден за добрите игри – во Арсенал до 2025 година

од Vladimir Zorba
298 прегледи

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета го продолжи договорот со „топџиите“, потврдија од клубот од Лондон.

Шпанецот ќе остане на клупата на тимот од главниот град на Англија до јуни 2025 година.

„Многу сум среќен, возбуден и благодарен“, изјави Артета по парафирањето на новиот договор.

Задоволен од сработеното е и директорот на Арсенал, Еду.

„Повторно ќе се соочиме со големи предизвици и важно е да го имаме нашиот менаџер овде. Важно е на сите да им покажеме каде сакаме да одиме како клуб“, истакна Еду.

Артета пет сезони го носеше дресот на Арсенал, а по завршувањето на играчката кариера на Емирати во 2016 година се пресели во стручниот штаб на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити.

Тој стана менаџер на клубот од Лондон во декември 2019 година, а неговиот тим е четврти на четири кола пред крајот на првенството со два бода повеќе од Тотенхем.

Слични содржини