216
Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети се надева дека во јуни Северна Македонија ќе добие датум за преговори со ЕУ.
– Има доволно активности, како од нашите пријатели од меѓународната заедница, но исто така мостовите на комуникација меѓу двете држави се функционални. Очекувам епилогот да биде позитивен, изјави Ахмети, при учеството на промоцијата на книгата „Арбрешите помеѓу реалноста и митот“ во Општина Чаир.