Михајло Вершинјин, еден од украинските борци оставени во фабриката за челик во Мариупол, зборуваше за Би-Би-Си за условите што владеат во Азовстал.
„Ситуацијата во челичарницата сега е критична. Веќе некое време е критична, но сега се влошува. Веќе два дена руските сили активно се обидуваат да го нападнат Азовстал и да ги потиснат бранителите со артилерија, авијација и тешко вооружување. Има многу загуби и повредени. Не успеавме да ги спасиме сите повредени. Најважно е што во засолништата во фабриката се уште има цивили. Неодамна при исклучително тешкото бомбардирање на Азовстал загинаа двајца цивили, а десетина беа ранети. Во моментов немаме информации колку цивили загинале бидејќи не можеме да ги напуштиме положбите и да отидеме до местата каде се наоѓаат“, навел Вершинјин.