Волците останаа без тренер за натпреварот против Челси

од Vladimir Zorba
271 прегледи

Вулверхемптон на утрешниот натпревар против Челси ќе биде без својот менаџер Бруно Лаж. 45-годишниот Португалец е позитивен на коронавирус, објави клубот.

Тој ќе ја пропушти и денешната прес-конференција на која ќе биде заменет од тренерот на голманите Тони Робертс.

Според познаници, Лаж се чувствува добро физички и последните тренинзи на тимот ги води од далечина.

„Волците“ се во серија од три последователни порази и се на прагот да ги загубат шансите за настап во Европа следната сезона. Заостануваат три бода зад седмиот Вест Хем, но имаат одиграно еден натпревар помалку.

Сепак, нивната програма до крајот на сезоната е многу тешка. По гостувањето на „Стемфорд Бриџ“, утре ќе му гостува на Манчестер Сити следната недела, а во последното коло гостува кај Ливерпул.