Лавров: Западот се обидува да разгори пропагандна војна

од Stefanija Kuzmanovska
251 прегледи

Западот се обидува да разгори „пропагандна војна“ против Русија и Русите, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Секогаш мораме да паметиме историски лекции. Дотолку повеќе, што тие славни страници од нашата историја сега Западот се обидува да ги искине, да пречкрта се што е направено. Тие едноставно се обидуваат да ги поистоветат победниците на нацизмот со криминалците и да не направат главни виновници за таа војна, да го избришат нацизмот на секој начин, да ја интензивираат манифестацијата на нацизмот во модерна Европа“, рече Лавров, објави „Спутник“.

Според него, против Русија и Русите е започната „пропагандна војна“, што е манифестација на расизам и дискриминација доведена до апсурд.

Слични содржини