Бајден најави нова испорака на оружје за Украина вредна 150 милиони долари

од Vladimir Zorba
193 прегледи

Американскиот претседател Џо Бајден потпиша нов пакет воена помош за Украина од 150 милиони долари, кој ќе обезбеди артилерија, радарска и друга опрема за земјата.

Ова е најновиот пакет помош за Киев во одбраната од руската инвазија. „Денес, Соединетите Држави продолжуваат да му даваат силна поддршка на храбриот народ на Украина во одбраната од руската агресија“, рече Бајден.

Од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари, Соединетите држави и испратија на Украина 3,4 милијарди долари оружје, вклучувајќи хаубици, противвоздушни системи Стингер, противтенковски ракети Џавелин, муниција и беспилотни летала Гоуст.

Новиот пакет помош е вреден 150 милиони долари и вклучува 25.000 парчиња артилериска муниција, противартилериски радари, опрема за попречување и резервни делови, изјави американски официјален претставник.

Слични содржини