Пелоси: Русија да биде прогласена за „спонзор на тероризмот“

од Vladimir Zorba
230 прегледи

Претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, која неодамна беше во посета на Украина, денеска изјави дека е „за“ американската администрација да ја прогласи Русија за држава што го спонзорира тероризмот и изрази загриженост поради извештаите на американските медиуми кои открија наводни детали за разузнавачката соработка меѓу Киев и Вашингтон.

На прашањето дали го поддржува барањето на Украина администрацијата на претседателот Џозеф Бајден и Конгресот да ја означат Русија како држава која го спонзорира тероризмот, Пелоси во интервју за американската телевизија „МСНБЦ“ одговори потврдно, нагласувајќи дека таа самата се залага за тоа веќе некое време.

„Ако Русија не е наведена како држава спонзор на тероризмот, искинете ја таа листа“, рече Пелоси.

Слични содржини