Талибанските власти денеска објавија дека жените во Авганистан мора да го покриваат лицето во согласност со декретот на Хибатула Акунџада.
Зголемените ограничувања наметнати врз жените предизвикуваат реакција кај меѓународната заедница и многу Авганистанци, пишува „Ројтерс“.
Портпаролот на Министерството за пропаганда на доблести и спречување на пороците го прочита декретот на прес-конференција во Кабул, велејќи дека таткото или најблискиот роднина на жена која не го покрива лицето на јавно место ќе биде затворен или отпуштен од државната служба.