Судењето меѓу поранешните сопружници стана главна тема на светските медиуми, а кариерата на актерот Џони Деп е во сериозна криза откако Амбер Херд го обвини за насилство.
Деп ја тужеше својата поранешна сопруга за клевета и бара 50 милиони долари поради тврдењата за семејно малтретирање што таа ги изнесе во напис за „Вашингтон пост“.
Во новото сведочење долгогодишниот агент на актерот откри колку милиони се изгубени поради обвинението за семејно насилство.
На новото рочиште за мултимилионската тужба меѓу Амбер Херд и Џони Деп сведочеше Џек Вигам, долгогодишниот агент на Деп од агенцијата „Creative Artists“, кој за актерот склопуваше милионски зделки во филмската индустрија. Тој тврди дека неговиот клиент изгубил 22,5 милиони долари откако поранешната сопруга го обвинила за злоупотреба во медиумите, со што му го нарушила угледот во Холивуд.
Наводно, Деп бил при крај со преговорите за шестото продолжение на „Пиратите од Карибите“ во кое тој ја има главната улога и дека со овој ангажман требало да се платат 22,5 милиони. Меѓутоа, по контроверзниот напис од 2018 година, овој проект пропадна и Деп ги изгуби парите.