277
Русија продолжува да ја напаѓа опколената фабрика за челик Азовстал во Мариупол, тврди украинската воена команда.
„Со поддршка на артилериски и тенковски оган, (непријателот) продолжува со јуришните акции“, објави денеска на Фејсбук украинската воена команда.
Украина тврди дека голем број цивили биле заробени во фабриката за челик, заедно со украинските војници.