Американскиот државен секретар Ентони Блинкен по повод 77-годишнината од крајот на Втората светска војна изјави дека руското раководство, како што вели, „се обидува да ја искриви историјата“ и „да го оправда рускиот напад врз Украина“.
„Додека војната повторно беснее во Европа, мораме да ја зајакнеме нашата решеност да им се спротивставиме на оние кои се обидуваат да манипулираат со историската меморија за да ги унапредат своите амбиции. Победата на сојузниците над нацистите мора да се почитува како победа на колективниот херојизам и саможртва“, навел Блинкен во писмено соопштение, пренесува РИА Новости.
Американскиот државен секретар истакнал дека рускиот претседател „се обидува да ја искриви историјата во обид да ја оправда со ништо предизвиканата и брутална војна против Украина“.