241
Повеќе од 44.000 бегалци ја напуштиле Украина во изминатите 24 часа, што е вкупно околу 5,8 милиони од почетокот на воените активности на Русија во оваа земја, соопшти денеска Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР).
Според УНХЦР, од 24 февруари заклучно со вчерашниот ден Украина ја напуштиле 5.801.159 лица.
Според УНХЦР, 739.418 бегалци отпатувале во Русија, 3.167.805 во Полска, 857.846 во Романија и 557.001 во Унгарија.