Додека деновиве на суд се откриваат речиси сите детали од врската меѓу Џони Деп и Амбер Херд, ѕвездата од филмот „Валканиот танц“, Џенифер Греј, ги сподели своите искуства со актерот.
Во нејзините нови мемоари, „Out of the Corner“, Греј го нарече Деп „лудо љубоморен и параноичен“, особено кога биле разделени за време на врската.
Двајцата се запознале во 1989 година и се вериле две недели по нивниот прв состанок. Тие раскинаа непосредно пред Џенифер да наполни 29 години.
Нивната прва средба поминала добро, открила актерката во своите мемоари.
„Јадевме, разговаравме, пиевме Џек Даниелс, се смеевме, правевме паузи за цигари. Тој беше толку симпатичен тип и изненадувачки отворен, смешен, необичен и сладок”, напиша таа во извадокот објавен од The Independent.
Две недели откако ја запознал, Деп ја запросил Џенифер и купиле пудлица по име Лулу.
„Таа беше наше бебе и некој што ми правеше друштво кога Џони беше надвор од градот“, напиша Греј и додаде:
„Џони секоја недела патуваше на работа од Ванкувер, но сѐ повеќе почна да запаѓа во неволја: тепачки во барови, судири со полицајци“.
Кога ќе се врател дома, Деп би беше „лудо љубоморен и параноичен за тоа што го правев додека го немаше“, напиша актерката.
Таа ја откажала нивната свршувачка непосредно пред нејзиниот 29-ти роденден кога тој отишол на состанок и не контактирал со неа неколку часа.