Зеленски во пресрет на Денот на победата во Втората светска војна: „Злото се врати во Украина“

од Vladimir Zorba
196 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека „злото се вратило во Украина“ додека држеше емотивен говор по повод Денот на победата, со кој Европа го одбележува официјалното предавање на Германија на сојузниците во Втората светска војна, пренесе Ројтерс.

„Животот за кој се бореа војниците во таа војна заврши на 24 февруари, кога упаднаа руските сили“, рече тој во видео пораката, пренесува британската агенција.

„Злото се врати. Во друга форма, со различни пароли, но намерите се исти“, нагласи украинскиот претседател.

Слични содржини