304
Милитантите ослободија околу 60 затвореници во текот на ноќта за време на напад врз затвор во северозападниот дел на Буркина Фасо. Тие претресувале канцеларии и запалиле возила пред да побегнат, изјавија денеска два неименувани безбедносни извори.
Според нив, вооружени луѓе влегле во градот Ноуна околу полноќ со мотори и мотоцикли, мавтајќи со калашникови и тешки митралези, пренесува „Ројтерс“.
Милитантите ослободија околу 60 мажи, а никој не беше убиен за време на нападот на градскиот затвор, но беше ранет еден доброволец на милицијата.