Брнз: С. Македонија ја одработи својата задача во однос на членството во ЕУ

од Stefanija Kuzmanovska
279 прегледи

Сметам дека Северна Македонија ја одработи својата задача во однос на членството во ЕУ и сметам дека процесот треба да продолжи што е можно побрзо. Сакам да истакнам дека стратешкиот дијалог, кој го воспоставивме не претставува замена за членството во ЕУ, туку станува збор за унапредување на односите, кои досега сме ги имале ,изјави денеска американската амбасадорка Кејт Мари Брнз.

Таа појасни дека зајакнувањето на соработката меѓу двете земји сега се одвива и во насока на тоа што Северна Македонија е полноправна членка на НАТО.

– Кажавме дека по зачленувањето на Северна Македонија во НАТО, нашиот однос ќе се промени, затоа што станавме сојузници, седиме на иста маса, имаме еден заеднички глас и се разбира нашата соработка еволуираше во таа насока – рече Брнз.

Стратешкиот дијалог почнува во јуни во повеќе сфери – надворешна политика, економија, инвестиции, одбрана, а следната недела ќе биде дефиниран тимот на министри и експерти од земјава, кои ќе престојуваат во Вашингтон и ќе имаат таму состаноци на соодветното ниво.

Слични содржини