МЗ: Млади пациенти на дијализа ќе добијат бубрези од починат донор

од Stefanija Kuzmanovska
281 прегледи

Двајца млади пациенти на дијализа ќе добијат бубрези од починат донор чие семејство вчера попладне даде согласност за да ги донира органите. Дополнително, во наредните денови ќе следуваат трансплантации на коскени ткива кај пацинети кои се лекуваат на Клиниката за Ортопедија, соопшти денеска министерство за здравство.

„Националниот координатот д-р. Маја Мојсова Мијовска, болничките координатори заедно со екипите од Клиниката за Неврохирургија, КАРИЛ, Рентген иститутот, Клиниката за трансфузиологија, Клиниката за нефрологија, Клиниката за кардиологија и хируршките клиники за Урологија и Ортопедија викендов успешно ја прават третата по ред трансплантација од почетокот на годинава.

Благодарност до семејството на пациентката, особено до нејзината млада храбра ќерка чија храброст, хуманост и добрина ни донесоа ден полн надеж и живот за најмалку двајца пациенти.

Уште еднаш големо сочуство за нивната загуба и благодарност за нивната хуманост“, стои во соопштението на министерството.

Слични содржини