261
Првата дама на САД, Џил Бајден, пристигна во ненадејна посета на Украина и се сретна со првата дама на таа земја, Оленa Зеленскa.
Ова е првпат американска прва дама да отпатува во борбената зона од 2015 година, кога Мишел Обама ја посети катарската воздухопловна база Ал-Удеид.
Бајден ја преминалa словачко-украинската граница откако го посетил словачкиот град Вишње Немецке во близина на украинската граница, каде се сместени бројни бегалци.
После тоа, таа пристигна во градот Ужгород во Закарпатската област во југозападниот дел на Украина.
Зеленска, сопругата на украинскиот претседател Владимир Зеленски, од почетокот на војната е со нивните деца на тајна локација.