Рускиот претседател Владимир Путин денеска вети дека „како и во 1945 година, победата ќе биде наша“, честитајќи им ја на поранешните народи на СССР 77-годишнината од поразот на нацистичка Германија во Втората светска војна.
Тој им честиташе на лидерите и народите на Азербејџан, Ерменија, Белорусија, Казахстан, Киргистан, Молдавија, Таџикистан, Туркменистан, Узбекистан, Абхазија, Јужна Осетија, Народна Република Доњецк и Народна Република Луганск, како и на народите на Грузија и Украина, соопшти Кремљ.
„Во својата честитка, претседателот на Русија особено нагласува дека на овој ден им оддаваме признание и почит на воините и домашните работници кои го разбија нацизмот по цена на безброј жртви и неволји“, се вели во соопштението на ТАСС.
„За жал, денес нацизмот повторно крева глава“, рече Путин, додавајќи дека во Украина има фашисти кои се закана за Русија.
„Нашите војници, како и нивните предци, се борат заедно да ја ослободат својата почва од нацистичката нечистотија, а победата ќе биде наша, исто како во 1945 година“, соопшти Кремљ.