Претседателката на германскиот парламент Бербел Бас денеска во Киев се сретна со украинскиот претседател Владимир Зеленски за да им оддаде почит на жртвите од Втората светска војна.
На средбата станало збор за вооружувањето и амбициите на Украина за членство во Европската унија, пренесува „Ројтерс“.
Бас посочува дека Бундестагот ќе ги забрза сите потребни процедури кога е во прашање влезот на Украина во ЕУ.