339
Соединетите Американски Држави денеска воведоа санкции против три руски телевизиски станици и им забранија на американските државјани да даваат книговодствени и советодавни услуги на Русите, а го санкционираа и управниот одбор на Гаспромбанк поради рускиот напад врз Украина.
Мерките против директорите на Гаспромбанк беа првите кои беа насочени против рускиот гигантски извозник на гас, бидејќи САД и нивните сојузници досега избегнуваа да преземаат чекори кои би можеле да го прекинат снабдувањето со гас во Европа, главниот клиент на Русија, објави „Ројтерс“.
Новите казнени мерки се исклучиво насочени кон деградирање на воениот поход на Путин, истакнуваат американските власти.