Земјите од Г7 ветија постепено укинување на купувањето руска нафта

од Nikola Popovski
292 прегледи

Сите земји членки на групата индустриски развиени земји Г7 се обврзаа постепено да го укинат увозот на руска нафта, соопшти денеска Белата куќа.

-Одлуката ќе „зададе тежок удар на главната артерија што ја снабдува економијата на (Владимир) Путин и ќе ја лиши од приходите што ѝ се потребни за финансирање на нејзината војна“ против Украина, се додава во соопштението.

Лидерите на Г7 денеска одржаа видео-конференција, трет состанок оваа година, во присуство на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Во соопштението не е прецизирано кои обврски се преземени од земјите-членки на Г7 поединечно, а тоа се Германија (која е овогодинешниот претседавач на Г7), Канада, САД, Франција, Италија, Јапонија и Обединетото Кралство.

Изборот на датумот за видеоконференција на лидерите на Г7 е многу симболичен, Европејците на овој датум, 8 мај, го слават крајот на Втората светска војна во Европа.

Средбата беше организирана и ден пред воената парада на 9 мај во Русија, на која се слави Денот на победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија.

Западните земји досега многу внимателно ги координираа најавите за санкции против Русија, но не го следеа истото темпо кога станува збор за руската нафта и гас.

САД, кои не се голем потрошувач, веќе го забранија увозот на руска енергија.

Земјите-членки на ЕУ, под притисок да се приклучат на санкциите, но многу позависни од Русија поради руската енергија, денеска продолжуваат со интензивни преговори за воведување ембарго на руската нафта.

Земјите од Г7 оценија дека акциите на рускиот претседател Владимир Путин во Украина, додека се подготвуваат со голема помпа да ја прослават победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија, ја обвиткуваат Русија и историските жртви на нејзиниот народ.

Шефовите на влади и држави на Г7 ја повторија својата посветеност да преземат нови мерки за помош на Украина и обезбедување на нејзината слободна и демократска иднина, како и за борба против идните акти на агресија, се вели во текстот.

Слични содржини