Гутереш: Ужаснат сум од нападот на училиштето во Украина

од Stefanija Kuzmanovska
293 прегледи

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изјави дека е ужаснат од извештаите за нападот на училиштето во украинскиот град Билохоривка, каде одреден број луѓе се криеле од конфликтот, пренесе АП.

Портпаролот на ОН Стефан Дијариќ рече дека Гутереш повторил дека цивилите и цивилната инфраструктура мора да бидат поштедени од конфликти, според меѓународното право.

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски изјави дека во бомбардирањето на училиштето во Билохоривка од руска страна загинале околу 60 цивили.

Слични содржини