Путин држи говор: „НАТО ѝ се заканува на нашата територија“

од Stefanija Kuzmanovska
295 прегледи

Откако Сергеј Шојгу му предаде извештај за насобраните војници, Путин го започна својот говор. Тој потсети на победата во Втората светска војна и рече дека руската армија се уште се бори со непријателот околу Киев. „Борете се за нашиот народ во Донбас, за безбедноста на Русија“, порача тој.

„Наша должност е да го чуваме споменот на оние кои го победија нацизмот и кои не предупредија да бидеме внимателни и да не ја повторуваме глобалната војна. И покрај сите несогласувања во меѓународните односи, Русија отсекогаш била за системот на неделива безбедност што им е потребен на сите учесници во меѓународната заедница“, рече тој.

Тој навел дека минатата година го повикал Западот да формира систем кој ќе ги штити заедничките интереси.

„Земјите од НАТО не сакаа ни да слушнат, имаа тајни планови, отворено се подготвуваа за уште една крвава операција во Донбас и Крим. Блокот почна да освојува територии покрај нашите граници и се создаде егзистенцијална закана на границите. Сè говореше дека конфликтот со неонацистите на кој се обложуваа САД и нивните придружници“, рече тој.

Путин го обвини НАТО дека поставува и развива нуклеарно оружје во близина на Крим.

Слични содржини